Депортиво успеа да постигне да го отвори резултатот откако Рики погоди за водство во 16-та минута. Примениот гол ги налути фудбалерите на Реал, а посебно Кристијано Роналдо. Прво изедначи на 1-1, потоа учествуваше во голот од Ди Марија а до крајот на првиот дел ја дуплираше предноста.
Роналдо не застана тука, успеа постигне и трет погодок во мрежата на Депортиво повторно од пенал додека петтиот погодок за “кралевите“ беше дело на Пепе.
Резултати : Реал Мадрид – Депортиво 5-1, Еспањол – Атлетико Мадрид 0-1, Гранада – Селта Виго 2-1, Ваљадолид – Рајо 6-1, Осасуна – Леванте 4-0.
Табела : Барселона 18, Атлетико Мадрид 16, Малага 14, Мајорка 11, Севиља 11. .