Некогашниот шампион во Ла Лига, Депортиво ла Коруња потсети на најдобрите денови победувајќи го Реал Сосиедад со убедливи 5-1 во последниот меч од 14-та рунда.
Реал Сосиедад на Риазор со ништо не наликуваше на составот кој буквално го стави во шише Барселона недела дена претходно.
Депортиво со три голови во првиот дел го реши победникот, а во второто полувреме одново паднаа три голови, но еден од нив реализираа гостите.
Со овој триумф „сино белите“ избегнаа од опасната зона, додека Сосиедад останува на шестата позиција на табелата.
OhridNews