Шампионите од минатите две сезони Вардар и Шкендија со меѓусебна пресметка ќе го најават новото издание на Првата македонска фудбалска лига.

Тетовските „црвено црни“ сезоната ќе ја започнат со епитетот бранители на трофејот, додека скопските „црвено црни“, кои, поминаа турбулентен период на секаков план ќе пробаат да се замешаат во горниот дел од табелата.

Покрај оваа двојка ждрепката на мегдан ги однесе Работнички – Ренова, Силекс – Шкупи, Победа – Беласица, Академија Пандев – Македонија Ѓорче Петров.

Новата сезона во елитата стартува следниот викенд.

OhridNews