Во рамките на 10. коло од Прва лига мажи, екипата на ГКК Охрид ја пречекува екипата на КК Вардар од Скопје во натпревар кој ветува борба, енергија и врвна кошарка.
Дерби исполнето со ривалство, страст и желба за победа! На теренот нè очекува максимален ангажман, а на трибините – вашата поддршка која ни дава сила да одиме чекор понатаму! Да ја наполниме салата и заедно да ја бодриме нашата екипа до победа!, велат од клубот.
Натпреварот ќе се одигра во недела во 20 часот во С.Ц „Билјанини Извори “ – Охрид.
OhridNews













