Дерби средбите Евертон – Ливерпул и Челси – Манчестер Јунајтед во деветтата рунда од Премиер Лигата долго ќе се паметат поради контроверзните одлуки на судиите.


Ливерпул во градското дерби со Евертон драстично е оштетен. Во последната минута од мечот Луис Суарез при резултат 2-2 постигна чист погодок за победа, помошникот судија на Андре Маринер го поништи голот за наводен офсајд.

Дербито на “Стемфорд Бриџ“ не го одбележаа мајсториите на Мата, Хазард, Руни и Ван Перси туку катастрофалното судење на Марк Клатенбург.


Судијата со знакот на ФИФА, Клатенбург неоправдано му додели втор жолт картон на Фернандо Торес откако дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Џони Еванс стартуваше врз него. Капак на се беше победничкиот гол на Чичарито во 75-та минута, кој беше постигнат од офсајд ситуација.

Мх.П.