Милан-Јувентус и Наполи-Интер се дерби натпреварите кои ќе се одиграат во рамките на 25-то коло, во Серија А. Секако дека пресметката на водечката двојка, на „Сан Сиро“ во Милано ќе биде во центарот на вниманието на фудбалската јавност.

Милан е лидер на табелата, има бод, но и натпревар повеќе од Јувентус, екипа која сеуште нема пораз оваа сезона. Милан на овој натпревар ќе биде без својот најдобар фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, кој во минатото го носеше и дресот на Јувентус.
Оваа сезона овие две екипи веќе одиграа две средби, и од двете како победник излезе Јувентус.
Наполи, по извонредната игра против Челзи, во Лигата на шампиони, влегува како фаворит во дуелот со Интер, кој шест натпревари не знае за победа. Горан Пандев, со оглед на формата во која се наоѓаат Кавани, Лавеци и Хамшик, овој меч ќе го започне од клупата за резерви.
Интересен меч би требало да одиграат Лацио и Фиорентина, пред се поради турбеленциите кои ги тресат римјаните. Лацио е во серија од три меча без победа, а поради лошата комуникација со раководството, претседателот Лотито и спортскиот директор Таре, тренерот Едуардо Реја поднесе оставка.
Двојки: Џенова-Парма, Милан-Јувентус
Недела, 26. февруари: Киево-Чезена, Каљари-Лече, Катанија-Новара, Сиена-Палермо, Аталанта-Рома, Лацио-Фиорентина, Наполи-Интер, Болоња-Удинезе. 

Барселона ќе ги тестира можностите на Атлетико
Диего Симеоне го воскресна тимот на Атлетико Мадрид, екипата нема пораз на последните седум натпревари во првенство, а вистински тест за можностите на „јорганџиите“, ќе биде дербито со Барселона.  Натпреварот со актуелниот првак на Шпанија, екипата на Атлетико го чека од шестото место на табелата со 32 бода, но и податок дека на последните три натпревари избраниците на Симеоне ремизираа со своите противници.

Барселона, по минатонеделната победа над Валенсија се зацврсти на второто место на табелата, но разликата во однос на Реал е огромна, изнесува 10 бода. Каталонците сеуште не се простиле од одбраната на титулата, и доколку сакаат да ги задржат и минималните шанси за тоа, едноставно ќе мора да победат на „Винсенете Калдерон“.
Лидерот во првенството Реал ќе му гостува на Рајо Ваљекано, екипа која игра одлично во последните три недели. Рајо врза три победи по ред со што се искачи на високата осма позиција.
Двојки: Расинг Сантандер-Спортин Хихон, Бетис-Хетафе, Малага-Сарагоса, Еспањол-Леванте
Недела, 26. февруари: Виљареал-Атлетик Билбао, Валенсија-Севиља, Рајо Ваљекано-Реал Мадрид, Осасуна-Гранада, Реал Сосиедад-Мајорка, Атлетико Мадрид-Барселона. 
Арсенал против Тотенхем, Сити го чека Блекбурн, Јунајтед патува во Норич

Дербито на северен Лондон, помеѓу Арсенал и Тотенхем,е централниот настан на некомплетното 26-то коло, во англиската Премиер лига. Колото е некомплетно поради финалниот натпревар во Лига купот, кој ќе се одигра во недела од 17 часот, а ривали ќе бидат Ливерпул и Кардиф. Поради овој меч одложен е првенствениот дуел помеѓу Ливерпул и Евертон.

Севернолондонската пресметка доаѓа во незгоден момент за Арсенал, екипата на Арсен Венгер е далеку од посакуваната форма, за што потврда се двата порази од Милан во Лигата на шампиони и Сандерленд во ФА купот.
Тотенхем е спокоен пред дуелот, бидејќи е сигурен на третата позиција, а од противникот има дури 10 бода повеќе.
Лидерот Манчестер Сити не би требало да има поголеми проблеми за да ги освои бодовите против Блекбурн, екипа која се наоѓа во опасната зона, додека во Манчестер Јунајтед се претпазливи во врска со гостувањето кај Норич, кој е најпријатното изненадување во Премиер лигата.
Излез од кризата бара и Челзи и се чини дека „сините“ имаат противник по мерка за конечно да забележат победа. На „Стенфорд Бриџ“, на Челзи ќе му гостува претпоследниот тим на табелата, Болтон.
Двојки: Челзи-Болтон, Њукасл-Вулверхемптон, КПР-Фулам, ВБА-Сандерленд, Виган-Астон Вила, 
Манчестер Сити-Блекбурн
Недела, 26. февруари: Арсенал-Тотенхем, Норич-Манчестер Јунајтед, Стоук-Свонси. 

“макфакс“
Ohridnews