Локалното дерби во Струга помеѓу екипите на Струга Трим Лум и Лабуништа ќе означи почеток на новата сезона во Втората лига-западен регион.

Од сезонава, одново се враќат две втори лиги кои се поделени на запад и исток, а ќе започнат спектакуларно со дерби во Струга кое сигурно ќе предизвика голем интерес.

Ривалитетот помеѓу двете екипи започна минатата сезона во Третата лига југо-запад, а ќе продолжи и годинава, но еден натпреварувачки ранг погоре.

Новата сезона во Втората лига ќе започне на 27 август во недела.

Двојки 1. коло (запад):

Гостивар – Локомотива

Новаци – Еуромилк

Струга Трим Лум – Лабуништа

Тетекс – Зајаз

Македонија ЃП – Велазерими

Фото: Архива
OhridNews