Навивачите кои следниот понеделник имаат желба во живо да го проследат фудбалското дерби на Манчестер, кое може да ја реши борбата за титулата, за влезници се подготвени да платат и преку 1.300 фунти.

Сите 48.000 билети се продадени уште пред еден месец, а они кои не успеале да дојдат до влезници се подготвени да платат и 25 пати поголема цената.

Една од специјализираните страници за продажба на влезници понуди два билети по цена од 2.612,50 фунти, што е рекордна сума за билет, за еден натпревар од англиското првенство.

Полицијата ги предупреди сите оние кои планираат да купуваат влезници кај препродавачите да внимаваат на фалсификати, но и да обрнат внимание на секторите за кои важат влезниците, за да не завршат меѓу навивачите на спротивниот клуб.

“макфакс“
Ohridnews