Во дуелот со лутиот ривал “црвено црните“ стартуваат како есенски шампиони, а во таборот на Пелистер ќе има огромна желба за реванш за елиминацијата во Купот на Македонија и поразот од 3-1 во првиот меч од шампионатот, а го водеше охриѓанецот Маркоски.
Под стадионот “Тумбе Кафе“ во Битола да биде во знакот на Охрид ќе се погрижат четвртиот судија Ецкоски Марјан и делегатот на средбата Тони Иваноски.
Покрај мечот во Битола охридските судии на центарот ќе се појават во Скопје, на натпреварот Работнички – Хоризонт Турново. Таму главен судија е Шулески Стефче додека асистенти се Жарко Тодоровски и Чакарески Лазе.
Дерби пресметката Пелистер – Вардар се игра в недела со почеток од 14 часот, а ден претходно Работнички во “Ѓорче Петров“ ќе го пречека второпласираниот Хоризонт Турново.