ГРК Охрид во гротлото на „Билјанини извори“, во тежок и неизвесен меч, го доби дербито со Бутел 26:25, полувреме 11:12.
„Гладијаторите“ тешко стигнаа до победата која им беше неопходна за продолжување на битката за пласман во плејофот. Натпреварот беше изедначен се до крајот. Во драматичен финиш со помош на публиката Охрид успеа да го преземе водството од незгодниот противник и минимално да слави.

Со оваа победа Охрид бодовно се израмни на табелата со шестопласираниот Пролет. Двете екипи со по 28 бода се на делба на 6 место, последно кое води во плејофот.
Дербито во Супер лигата за Охрид
OhridNews












