Пред само неколку кола во Премиер Лигата, Манчестер Сити “немаше“ шанси да го стигне Јунајтед откако “црвените ѓаволи“ им се одлепија осум бодови. На три рунди до крајот на “Етихад“ стадион во “плавиот“ дел од Манчестер, ќе се сретнат Сити – Јунајтед.

Избраниците на Фергусон пред дербито имаат три бода предност, а многу работи околу титулата во Премиер Лигата ќе станат јасни после “манчестерското“ дерби. “Граѓаните“ на трофеј од Премиер Лигата чекаат 48 години, а никогаш не биле поблиску колку оваа сезона.

Менаџерите на двете екипи, немаат проблем околу составот и на мечот “да се биде или не“ ќе истрчаат со најдобрите фудбалери.

Мх.П.