Гостински триумф за Рапид кој минимално со 1-0 ја совлада Австрија Виена во 309. Дерби за Виена. Мечот кој се одигра во распродадената “Генерали Арена“ 12.500 гледачи, мина во одлична атмосфера и желба за победа кај двата тима. Мечот на одлука се случи во 66 минута кога Сабицер го постигна “златниот“ гол за “зелено-белите“.
– Мечот беше возбудлив, до крај не извесен и победи тимот кој беше по компактен,подобро организиран, креиравме повеќе шанси , една искористивме и на крајот се радувавме.Победата е сосема заслужена. Она што ме радува, и што треба да бидеме среќни е тоа дека мечот мина во фер атмосфера како теренот така и на трибините – потенцираше тренерот на Рапид, Зоран Баришич.
По тензиите кои се случија како предигра на дербито кога навивачи на Рапид нападнаа еден фудбалер од младинскиот состав на Австрија, домаќинот ги превзеде сите мерки на безбедност, за таков инцидент да не се повтори. “Виена е виолетова“ беше мотото во неделата пред дербито, а таква беше и атмосферата во Фаворитен , за која се погрижија “Фанатиците“. Но за да не биде се така “виолетово“ се погрижија околу 2000 навивачи на Рапид популарните “Торнадо“ кои во нивни препознатлив стил го бодреа тимот во целите 90 минути, а и по завршувањето на мечот.
Во првиот дел се играше изедначно а гостите ги имаа поубавите можности, но Бургшталер и Шауб не успеаа да го пронајдат патот кон мрежата на Линдер.
Одлука која во целост го промена текот на мечот, се случи во 55 минута, кога домашниот стратег Гагер, се одлучи да ја промени формацијата од 5-4-1, во 4-4-2. Од игра излезе капитенот Ортлехер, на негово место дојде Камара.
Но наместо Австрија, таквата промена остави простор за гостите, кои од тој момент беа опасни по голот на Линдер. По неколкуте шанси, мрежата ја затресе Сабицер во 66 минута.
– Во првиот дел одигравме добро во одбраната, потоа се одлучив да се обидеме да смениме нешто во нападот, но ете не вроди со плод. Се обидов да стигнеме до победа со промената на формацијта, но тоа не се случи. – истакна Гагер, за кого ова беше прв пораз на клупата на Австрија (дојде на местото на Ненад Бјелица)
Во продолжението на мечот , виолетовите притисна , постигнаа погодок, кој поради игра со рака на Хосинер, го поништи судијата. Еднаш голманот Новота, а еднаш и Берхдерт ја вадеа топката од гол линијата. По вториот жолт картон, автоматски црвен за Бургшталер во 88 минута, виолетовите мечот го завршија со играч повеќе но ниту бројчаната предност, не им донесе позитивен биланс.
– Подобро од ова неможе да биде. Победа на гости во Фаворитен е нешто најдоброто што може да му се случи на еден Рапид фудбалер и навиавач- истакна Бургшталер.
Рапид сезонава успеа да слави во три од четирите меча во Дербито, додека еднаш мечот заврши без победник 0-0. Тримфот над Австрија ги остави на втората позиција, која води во Лига Европа. За Австрија која има три бода предност пред Гродинг преостануваат уште пет кола да го осигура настапот во Лига Европа наредната сезона. – Нашата цел останува наредната сезона да играме во Европа, ако тоа го оствариме преку третото место, ќе бидеме задоволни –рече Гагер.
Салцбург е новиот првак, додека Инсбрук има само теоретски шанси за опстанок. Неизвесно е само третото место за кое до крајот ќе се тркаат Австрија и Гродиг. Последниот патник во Европа ќе биде победникот во Купот.
М.П.