Во потесен избор за функцијата директор на Управата за заштита на културното наследство се десет кандидати информираат од Владата. Тие биле селектирани од триесетината апликации кои пристигнале на огласот за избор на директор на националната установа.

Според најавите со секој од потенцијалните кандидати идната недела ќе биде направено дополнително интервју, по што се очекува да биде донесена одлука за наследникот на Паско Кузман.

Изборот на новиот директор на Управата за заштита на културното наследство го врши Владата.

Инаку се уште актуелен директор на оваа национална институција е Паско Кузман, кому деновиве му беше изречена мерка домашен притвор поради случајот „Фаланга 2“. Паско Кузман од пред неколку месеци  ги има исполнето условите за пензија, а се чекаше да заврши процедурата за негов наследник за тој и официјално да се пензионира.

OhridNews