Во акцијата за подигање на кабаст отпад што вчера ја спроведе Ј.П.„Охридски Комуналец“ во Стар град подигнати се 10 метри кубни кабаст отпад од домаќинствата.


– Акцијата беше спроведена со цел граѓаните полесно да се справат со ваков вид на отпад, велат од .Ј.П.„Охридски Комуналец“, од каде најавуваат дека вакви акции во иднина ќе бидат спроведени и на други локации во општина Охрид за што граѓаните ќе бидат благовремено известени.

OhridNews