Уште еден оружен напад се случи во САД. Како што пренесуваат американските медиуми, 10 лица се убиени, а 10 ранети, кога седумнаесет годишен ученик отворил оган во средно училиште во Санта Фе во Тексас.

Напаѓачот e идентификуван како Димитрос Пагурцис. Наводно неговите намери биле да се убие откако ќе го изврши нападот, но тој и се предал на полицијата.

Се работи на утврдување на мотивите за крвавиот напад.