Во стампедо на погребот на убиениот ирански генерал Касем Сулејмани во неговјот роден град Керман загинаа најмалку 50 луѓе, а над 200 се повредени, јави иранската национална новинска агенција ИСНА. Истиот извор наведува дека погребот бил прекинат.

Сулејмани ја предводеше иранската елитна воена единица за надворешни операции и се сметаше за мозок на државната стратегија за Блискиот исток. Тој беше убиен во воздушен напад извршен од воени сили на САД во Ирак минатата недела, по што состојбата на Блискиот исток е исклучително тензична. Ирак се закани со одмазда за убиениот генерал, а се стравува дека затегнатите односи помеѓу двете воени сили може да ескалираат во воен судир.

OhridNews
фото: google