Бранителот на трофејот во ФА Купот, Манчестер Сити в недела во третата рунда го пречекува градскиот ривал Манчестер Јунајтед. Двајцата тренери ќе имаат големи проблеми околу составувањето на екипите кои ќе истрчаат на “Етихад“ стадионот.

Италијанецот Роберот Манчини неможе да смета на “братскиот“ тандем Јаја и Коло Туре кои се на подготовки со репрезентацијата на Брегот на Слонова Коска додека Фергусон подолго време на располагање ги нема Видиќ, Флечер, Клеверли а на листата повредени уште се Јанг, Смајлинг.

Во ланскиот дуел помеѓу Сити – Јунајтед во 1/2 финалето од ФА Купот на Вембли, Јаја Туре беше стрелец на погодок вреден финале. За таму да го совладаат Стоук и по пауза од 35 години да се издрадуваат на трофеј. Првиот меч во Премиер Лигата, на градските ривали заврши со сензационална победа на “граѓаните“ со 6-1.

Мх.П.