
Во чест на јубилејот, во црквата Света Софија ќе биде одржано меѓународно литературно читање и ќе им бидат врачени признанија на седумтемина досегашни претседатели на Македонскиот ПЕН – Томе Момировски, Мето Јовановски, Матеја Матевски, Георги Старделов, Влада Урошевиќ, Ката Ќулавкова и Димитар Башевски.
Со овој настан Македонскиот ПЕН-центар ќе одбележи и 45 години од своето постоење.
Практиката за избор на почесни членови на Македонскиот ПЕН Центар ќе продолжи и оваа година. Како што соопшти претседателот на Македонскиот ПЕН-Центар, Ристо Лазаров, за почесни членови оваа година се избрани двајца еминентни автори – Умберто Еко и Вацлав Хавел кои ќе ја посетат Македонија идната година.
Во рамките на Охридската ПЕН-конференција, состанок ќе одржи Комитетот за превод и јазични права на Меѓународниот ПЕН. на кој ќе се разгледува и Предлог-декларацијата за заштита на јазичните и културните права на Ароманците-Власи на Балканот.
Г.М.












