Советот на Општина Охрид во понеделник ќе ја одржи десеттата седница со 24 точки на дневен ред. Меѓу точките советнички прашања, Предлог-одлука за примање на донација од Државна Видеолотарија-Касинос Аустриа ДОО Скопје во уредување-реконструкција на мултифункционален терен за ракомет, фудбал и кошарка во Општина Охрид, Предлог-програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2022 година, Предлог-одлука за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на Општина Охрид во областа на основното образование за 2022 година (Н1) и средното образование за 2022 година (Н2).
Предлог-одлука за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2022-2024 година (НБ), за измени и дополнувања на годишната програма на Општина Охрид за детска заштита за 2022 година (В1), за здравствена и социјална заштита за 2022 година (Т1), за измена и дополнување на буџетот на ЕЛС Општина Охрид за 2022 година.
Предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за реализација на проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“ преку партиципација и сопствено учество на општина Охрид, за изменување и дополнување на одлуката за авто такси превоз на патници во општина Охрид, Правилник за субвенционирање на линиски превоз на патници, кој заеднички го организираат општина Охрид и општина Дебрца, Правилникот за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачје на општина Охрид.
Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за воведување на нова дејност на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид, за давање согласност на одлуката за дополнување на ценовникот на слуги на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид, за давање согласност на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП„Охридски комуналец“ Охрид (Пречистен текст).
Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај за реализација на програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2021 година со инегриран финансиски извештај за 2021 година, за формирање Локален Совет за превенција на подрачјето на општина Охрид.
Предлог-одлука за давање на користење недвижен имот – урбана опрема, утврдување на висината на надоместокот на членови на комисија за урбанизам, како и точки кои се однесуваат на урбанистичко-плански документации.
Воедно по одржување на десеттата седница ќе се одржи и прекинатата осма седница.
Ohridnews












