Кај 16-годишно девојче од Неготино хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести-Скопје со клиничка слика на менингит, денеска е добиена лабораториска потврда за присуство на бактеријата листерија, соопшти претседателот на Комисијата за заразни болести и директор на Клиниката, Звонко Миленковиќ.

Тој рече дека здравствена состојба на пациентката е задоволителна, има први знаци на лесно клиничко подобрување, но се уште постои витална загрозеност.
 
Посочи дека третманот на пациентката е насочен кон решавање на тој клинички синдром. Во ваква ситуација, истакна, се интересираме на детални анализи од страна на епидемиолошките служби за профилот на вообичаените продукти на консумација.
 
Станува збор за десетти потврден случај на листерија во Македонија од јуни до денеска. Досега четири лица починаа.

OhridNews

Извор:„МИА“