Француската репрезентација обезбеди пласман во финалето на Европското првенство совладувајќи ја Германија во 1/2 финалето со 2-0.
Селекторот на французите, Дидиер Дешамп се радуваше многу по победата над Светскиот првак, но истакна дека триумфот нема да вреди ништо ако не слават и в недела против Португалија во финалето.
– Имаме три дена до финалето, тоа е многу краток период. Натпреварот со Германија беше многу важен за нас, а оној в недела е најважен и можам да кажам дека најдоброто допрва доаѓа. Ќе направиме се во финалето да стигниме до победата исто како што направиме против Германија. – рече францускиот селектор.
Во финалето „триколорите“ ќе атакуваат на третата титула додека „европските бразилци“ по првата круна од европските првенства.
OhridNews