Македонската фудбалска репрезентација во комплетен состав тренираше според планот во Братислава по малку студеникаво време.


Селекторот Мирсад Јонуз одржа полесен тренинг на кој се воигруваа варијанти но и се правеа договори и разговори околку тактичките задачи на репрезентативците. Од оние репрезентативци од кои многу се очекува на овој натпревар сигурно е Филип Деспотовски кој против Словачка в петок по 12-ти пат ќе го облече најмилиот дрес:

– Добро е што сите репрезентативци се здрави и во одлична атмосфера го одработивме денешниот тренинг. Што се однесува до мене се чувствувам супер , подготвен иако не сум со доволен број натпревари во украинското првенство. Не очекува тежок натпревар и свесни сме со каков противник играме, традиционално незгоден кој не има совладано три пати. Имаа извонредни фудбалери во Шкртел, Вајс, Витек, Хамшик, но убеден сум дека и ние имаме оружје и квалитет да им се спротиставиме. Мислам дека доколку ја повториме играта како со романците во Австрија кога прекинавме една незгодна традиција, тогаш вестите од Братислава ќе бидат поволни  – истакна Деспотовски.

Ohridnews