Фрејзер Кембел, кој потекнува од школата на Манчестер Јунајтед беше најзаслужен за првата победа на Кардиф во Премиер лигата победувајќи го Манчестер Сити со 3-2.

„Граѓаните“ први стигнаа до водство со голот на Един Џеко, а погодокот за предност ги разлути домаќините кои дрско вратија со три во мрежата на Џо Харт. Два реализираше Кембел, а еднаш погоди Гунарсон. Во финишот на мечот Негредо го ублажи поразот на вицепрвакот.

Резултати : Кардиф – Мен Сити 3-2, Тотенхем – Свонси 1-0.

Мх.П.