По серијата инциденти на прволигашките и на второлигашките фудбалски терени на кои главна цел беа судиите, за наредниот период Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) презеде посебни мерки за нивна заштита.
ФФМ ќе ги заштити арбитрите – момент од натпревар во третата лига
Повод за ваквите мерки за заштита беше последниот инцидент на мечот Влазними – Беласица, кога главниот судија Симеон Стефков беше нападнат на полувремето, по што добил тешки повреди и завршил во охридската болница.
– Од пристигнувањето на судиската четворка, па сé до нивното заминување, од страна на МВР ќе има задолжено лице што ќе биде со нив. Контакти со судиската четворка не се дозволени. Клубот е должен да стапи во контакт со соодветното СВР, од каде што ќе му биде дадено името и презимето на лицето што ќе биде задолжено за судиската четворка, за што ќе го известат делегатот на натпреварот – се вели во соопштението на комесарот на натпревари Миле Спиркоски до клубовите од Првата и од Втората лига .
И покрај тоа што во нашиот шампионат важи девизата дека фудбалот се игра за официјалните лица, сепак тоа не им дава за право на чинителите својот бес да го искалат над арбитрите, кои постојано се цел на незадоволните страни од фудбалската игра, а често манифестирањето на нивното незадоволство ги преминува границите на толеранцијата.
Гоце Седлоски официјално е промовиран за селектор на македонската А репрезентација, информира ФФМ Од оваа репрезентација ќе барам максимален ангажман, храброст и желба за докажување на секој натпре...
Целосно се комплетирани активностите за реконструкција на спортските игралишта во подрачниот објект на ООУ „Григор Прличев“ во населба Рача и игралиштето во станбениот комплекс на ул „7 Ноември“ &n...
Ален Ќосевски е нов играч на ГРК Охрид Како што информираат од клубот Ќосевски потпиша на 15 сезона со ГРК Охрид Настапува на позицијата десно крило и има 24 години (184цм) Доаѓа по 65 сезони помин...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.