Големи количини разновиден отпад од метал извадија од дното на Охридското Езеро нуркачите ангажирани во акцијата за чистење на неексплодирани убојни средства.
Во акцијата во која беа користени специјални детектори, покрај бомби се извадија и неколку стотини килограми канти, конзерви, лименки и друг отпад од метал. Истиот е подигнат и соодветно депониран.
фото: Емилио