Најновото остварување на режисерот Антонио Митриќески, „Деца на сонцето“, синоќа ја доби наградата за најдобар филм на 8-миот Фестивал на македонски филм кој овој викенд се одржува во канадскиот град Торонто.
Се работи за љубовна приказна во која главни ликови се Ангела и Марко, а дејствието се случува на периферијата на едно мало гратче крај Преспанското Езеро.
Продуцент на филмот е Дејан Милошевски, а директор на фотографија е Јарек Шода од Полска. Автор на музиката е Влатко Стефановски, кој во филмот глуми и епизодна улога. Главната машка улога ја толкува младиот македонски актер Кире Ѓоревски.
OhridNews