Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на социјална парична помош, постојана парична помош и посебен додаток да се јават за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца.
Оваа услуга може да ја користат деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош и деца корисници на посебен додаток, родени во период од 1997 до 2002 година (деца – редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение во учебната 2011/2012 година.)
Услугата може да се користи во текот на јули и август 2012 година, во траење од 7 дена. Одобрениот термин за користење на услугата не може да се менува, освен доколку постои спреченост поради болест, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно) и едукативни и забавни активности. Превозот на децата од одреденото место од страна на надлежниот Центар до одмаралиштето и обратно ќе биде организиран. Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одмор и рекреација.
За користење на бесплатната услуга за одмор и рекреација потребно е да се поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење. Барањето го издава надлежниот Центар за социјална работа, а со барањето се поднесува потврда за редовен ученик.
Барањата ќе можат да се поднесат само во просториите на надлежните Центри за социјална работа.
Списоците на децата кои ќе ја користат услугата ќе бидат истакнати во надлежниот Центар за социјална работа и на веб страната на Министерството за труд и социјална политика.