-Додека се шетав на Кејот на езерото ме пресретнаа три малолетни деца и ми бараа пари. Им дадов ситни монети, но тие продолжија да ме следат и буквално не се тргнаа од мене до другиот крај од Кејот. Навистина се чувствував непријатно, па можам да кажам и преплашено затоа што тие воопшто не реагираа на моите зборови да престанат да ме следат, вели една наша сограѓанка.
Службите на СВР- Охрид потврдуваат дека во летниот период бројот на малолетни лице што просат се зголемува, затоа што тие доаѓаат од другите градови , надевајќи се дека заработката ќе им биде поголема поради големиот број гости кои престојуваат во Охрид. Од таму објаснуваат дека во соработка со Центарот за социјални грижи ќе бидат превземени сите потребни мерки за решавање на овој проблем. Против лицата кои ќе бидат фатени како просат, ќе се поднесуваат прекршочни пријави, по што тие ќе бидат вратени во градовите во кои живеат.