34 лица од земјава кои до 18 години имале статус на дете без родители и родителска грижа, ќе можат да аплицираат за вработување во државната администрација. Согласно последите законски измени во Законот за социјална заштита, целта е да се подобри нивната општествена состојба.

Програмата наречена Д-10, најпрво ќе ги вработува овие лица во Министерството за труд и социјална политика. Според ресордниот министер, согласно нивните кфалификации во иднина ќе бидат распоредени во други органи на државната управа.

Во првите две години планираме да ги вработиме сите лица кои се без работен ангажман, а имаат ваков статус. Според податоците со кои располагаме станува збор за околу седумдесеттина лица.“ – вели Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

Според предвидените мерки на програмата, секоја година би требало да се вработуваат 10 лица. Објавувањето на огласите ќе оди преку средствата за јавно информирање.

OhridNews