Членките на Женски центар „Бисера“ и оваа година, традиционално, пред новогодишните празници ги посетија децата кои се наоѓаат на лекување во охридските болници.
Им посакаа што побрзо да оздрават и при тоа им поклонаа новогодишни пакетчиња.

Оваа година активностите се реализираа со поддршка на Мирјана Тодоровска, која воедно беше и покровител и на годинешната манифестација „Тортијадата“ .