Дечињата и вработените од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во изминативе десетина дена реализираа собирна акција на облека и обувки, кои денес ги предадоа на Црвен Крст од Охрид, со надеж дека ќе израдуваат голем број свои врсници на кои облеката навистина им е потребна.

–    Хуманоста е вредност која се гради од најмали нозе. Затоа ЈОУДГ,Јасна Ристеска,,-Охрид со вакви акции се обидува да ги воспита дечињата на вистинските човекови вредности, велат од градинката.

Во соработка со родителите на дечињата и Црвен Крст ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период.

OhridNews