15 средношколци, веќе избрани правобранители и нивни заменици, од средни училишта од Куманово, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Дебар, каде што оваа година, како пилот институција е воведен моделот „Дете правобранител“, викендов во Струга ќе се обучуваат како да ги препознаваат прекршувањата на детските права.
Исто така тие ќе учат како да комуницираат со училишниот персонал и другите заедници кога ќе настане прекршување на детските права, какви инцијативи да преземат доколку настане прекршување на детските права и како да ги промовираат детските права меѓу нивните врсници.
Организатор на обуката е оалицијата на младински организации СЕГА, а предавач ќе биде Невенка Крушаровска – Заменик Народен правобранител.
Моделот „Дете правобранител“ за прв оваа учебна година се воведува во 10 училишта во Македонија (пет основни и пет средни). Овој модел го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА, во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ а поддржан е од Детската Фондација „Pestalozzi“.












