Учениците со посебни образовни потреби од О.У ,,Братство Единство” од Охрид кои ја посетуваат редовната настава, денеска добија новогодишни пакетчиња од брендот ,,Чунга Лунга”.  Предновогодишното дарување беше организирано од мултиетничките секции во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција и дефектологот на училиштето, а поддржано од компанијата ,,Макпромет” од Штип.  

Од училиштето се заблагодаруваат за пакетчињата потенцирајќи дека ваквите активности ја поттикнуваат хуманоста кај луѓето и го развиваат чувството на одоговорност и грижа за децата со посебни потреби.  

OhridNews