Во врска со информациите дека во одредени јавни установи, детски градинки се вршат анкети во кои родителите се анкетираат дали нивното дете ќе посетува прва или втора смена, односно од 7 до 14.30 или од 14.30 до 21.30, од министерството за труд и социјална политика со објаснување до родителите. Од министерството потенцираат дека наведеното работно време се однесува само на вработените во установите кои треба да ја применат Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа, а не и на времето за престој на децата во градинките.

– Децата ќе се згрижуваат во текот на денот согласно со потребите на родителите. Двосменското работење подразбира дека опфатот и згрижувањето на децата во градинките ќе биде како и до сега од 5.30 часот наутро до 22 часот навечер, како и во првата сабота во месецот, објаснуваат од надлежното министерство.  

Оттаму, со апел до вработените и директорите на детските градинки да не ги манипулираат родителите и да не ги ограничуваат со стриктно временско згрижување на децата. Директорите се задолжени од страна на МТСП да ја спроведат Одлуката на Владата на РМ и согласно истата и потребите на родителите да го организираат работењето на установата.

OhridNews