Градовите Охрид, Струга и Кичево со поддршка од Фудбалската федерација на Македонија ќе формираат детска лига за возраст од 7 до 11 години.

Во детската лига ќе учествуваат 12 клубови, а натпреварите ќе се одвиваат во лига систем. Охрид во новормираната лига ќе го претставуваат екипите Охрид 10 Јуниор, Фер Плеј, Академија Пандев и Воска.


– Оваа идеја ја прифативме со задоволство и задоволни сме од моделот и системот на детската лига. Фудбалската федерација е најголе виновник за формирањето на детската лига која и тоа како му требаше на овој регион –
посочи тренерот на Охрид 10 Јуниор, Наум Јанкуловски.

Мх.П.