Во рамки на детската недела, од 3 до 10 октомври, ООУ „Кочо Рацин“ со низа активности ги одбележа Светскиот ден на учителот 5 Октомври и Денот на народното востание – 11 Октомври.

 

Овие значајни датуми беа одбележани преку различни игровни активности, спортски игри, презентации, приказни, цртање во училишниот двор, ликовни и литературни творби. Најинтересно за учениците е што добија можност да влезат во улога на наставници и асистенти.

 

Учениците уживаа во сите активности, се покажаа како многу вредни и успешни во зададените задачи, вели Виолета Петковска, наставник – ментор при ООУ-Кочо Рацин -Охрид.

Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет. – додава Петковска.

Активностите завршија со прием на првачињата во Детската организација со пригодна приредба „Од децата за децата“ реализирана од нивните другари од одделенска настава.

OhridNews