Детската фудбалска лига во југозападниот регион од Република Македонија е на половина пат. Дечињата живеат за неа, тренерите коваат тактита за победа, а родителите се морална поддршка за нивните деца.

На половина пат сме од пробниот проект наречен Детска фудбалска лига во југозападниот регион од Република Македонија.  Ова сега што го правиме треба да биде генерална проба за наредната година, кога ќе лигата ќе биде низ целата сезона. По овие четири одиграни натпревари многу сум задоволен од заинтересираноста и ангжираноста на дечињата. Анимирани се повеќе од 300 дечиња, во 27 екипи а се натпреваруваат во три возрасни категории – истакна координаторот на Детската фудбалска лига, Наум Јанкуловски.

Проектот наречен Детска фудбалска лига се движи по планираното. Фудбалските школи го зголемија членството додека со проблем се соочуваат единствено со лошите терени.

– Од овој проект најмногу ќе профитираат дечињата и фудбалските школи, а на фудбалот во Охрид, Струга и Дебар им престои светла иднина. Секогаш може повеќе, поддршката од Фудбалската федерација на Македонија е голема, а најголем проблем имаме со терените кои се во лоша состојба. На тоа треба да се обрати најмногу внимание бидејќи без добри услови неможиш да бараш резултати – потенцираше Јанкуловски.

Координаторот за југозападниот регион, Јанкуловски е задоволен од постигнатите резултати и фудбалот, кој го негуваат фудбалските школи.

– Се издвоија квалитетни екипи во сите генарации. До самиот крај ќе биде неизвесно кој ќе го освои првото место во трите категории. Екипите негуваат напаѓачки фудбал тоа е за поздравување бидејќи во фудбалот се победува ако постигнеш повеќе голови од противникот – заврши Јанкуловски.

Мх.П.