Програмата за учење и надградба на знаењата за англиски јазик, насловен Детски час за приказни, кој е заеднички проект на општинскиот Црвен крст и Американскиот мировен корпус,  од вчера започна да се спроведува и во основните училишта во општина Дебарца.


Како што е предвидено, со поддршка на Локалната самоуправа на Дебарца, тимовите на Детски час за приказни во текот на два, месечни циклуси, ќе ја имплементираат програмата во пет села во општина Дебарца И ќе бидат опфатени сите ученици од прво до петто одделение.


Проектот за изучување на англискиот јазик преку читање  приказни, песни, креативни вежби за цртање, во општина Охрид се спроведува веќе две години, а со него се опфатени деца од 4-10 годишна возраст.

OhridNews