Во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во Охрид денеска ќе се одржи Регионалниот натпревар „Детски семафор-2009“.

Теоретскиот дел од натпреварот ќе се одржи во ОУ “Григор Прличев“, а практичниот дел на полигонот за вешто возење на Кеј „Маршал Тито“ пред хотел  „Ривиера“.


Регионалниот натпревар „Детски семафор-2009“ кој ќе го следи посебна жири комисија, ќе се одржи според правилата утврдени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а најдобро пласираните учесници ќе се натпреваруваат на Државниот натпревар „Детски семафор-2009“ што на 15 и 16 Мај 2009 година ке се одржи во Струга.

Ohridnews