Центар за култура „Григор Прличев“

Од 01.12.2021 - 18:00 до 01.12.2021 - 19:30

Детскиот филм „Мираи“ на кинорепертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Кино проекции се закажани за во среда 1.12.2021 и четврток 2.12.2021 со почеток во 18.00 часот.

Филмот го следи четиригодишниот Кун, кој се обидува да се справи со пристигнувањето на новиот член во семејството, сестричката Мираи. Мистериозната градина во нивниот двор станува порта, која му овозможува на момчето да патува назад во времето каде што ќе се сретне со својата мајка како мало девојче и неговиот прадедо како млад човек. Овие фантастични авантури ќе му помогнат на момчето да го смени мислењето и да стане големиот брат, кој неговата сестра го заслужува.

Филмот е во режија на Мамору Хосода. Анимираниот филм жанровски е класифициран како авантура и драма со времтраење од 98’ и истиот е наменет за деца над 8 години.

Цена на карта е 100 денари, а проекциите ќе се одвиваат согласно протоколите за заштита од Ковид 19.

OhridNews