Центар за култура „Григор Прличев“

Од 02.02.2022 - 18:00 до 02.02.2022 - 19:17

Започнува филмскиот репертоар во НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид со детскиот филм „Патешествие на принцот“. Кино проекциите се закажани за во среда (02.02.2022) и четврток (03.02.2022) почеток 18.00 часот, цена на карта 100 денари.

Еден стар принц се насукува на непознат брег. Така ранет и изгубен е најден од младиот Том кој го носи кај неговите родители, двајца протерани научници кои имаат свој интерес за љубопитниот новодојденец. Како што смелото момче и мудриот кралски наследник започнуваат серија брилијантни бегства, нивниот капацитет за меѓусебно почитување и разбирање почнува да ги руши границите меѓу нивните светови. Со помош на Том, принцот открива општество за кое не знае ништо, додека родителите на Том решаваат да го искористат за да докажат дека нивната теорија дека постојат други мајмунски општества навистина била точна, велат во описот за филмот од Центарот за култура.

Станува збор за француски филм со времетраење од 77 минути, а спаѓа во жанрот анимација. наменет е за деца на возсраст над 8 години.

Од Центарот за култура информираат дека проекцијата на филмот ќе се одвива согласно здравствените протоколи.

OhridNews