Центар за култура „Григор Прличев“

Од 16.03.2022 - 19:00 до 16.03.2022 - 20:30

Две кино проекции се закажани за наредната недела на италијанскиот детски филм „Стакленото момче“ во охридскиот Центар за култура. Филмот е инспириран од истоимената книга на италијанскиот автор Фабрицио Силеи, добитник на Андерсоновата награда.

Приказната допира важна тема, а тоа е потребата на децата да го надминат стравот од живеењето со болест, во случајот хемофилија.

Стакленото момче Пино Гамбаси е дете што страда од хемофилија и гори од нескротлива желба за слободна и бескрајна храброст: решава да ја почне својата авантура во светот и да им покаже на сите дека може да живее како и секое друго дете, се вели во содржината за филмот.

Времетраењето на филмот е 90 минути. Kино проекците се закажани за во среда (16.03.2022) и четврток (17.03.2022) со почеток во 19.00 часот, а цената на картата е 100 денари. Телефон за резервации 046/261-063.

Проекциите ќе се одвиваат согласно Ковид протоколите.

OhridNews