Првиот детски мјузикл од авторската екипа на 5+Фамилија „Песноден”, на 4-ти декември, ќе се прикажува пред најмладата охридска публика.

„Песноден“ е музичка приказна раскажана низ стихови во која се зборува за еден празник-денот на песната, измислен од децата и станарите во стокатницата, а инспириран од нивната потреба да пеат, играат и да се радуваат.

  • Toa e забавно-едукативна приказна посветена на детските игри, компромисот, и сложното другарување. Уживавме во креативниот процес на продукција и многу сум радосна што наскоро децата ќе ги слушнат новите песни и ќе ги пеат, вели режисерката и сценаристка Сандра Ѓоргиева.

Идејата и концептот се на продуцентот Пеце Талески, а музички продуцент е Мите Димовски, студио „Тра-ла-ла“. Актерската екипа ѝ е добро позната на детската публика, тоа се нивните омилени: Лина, Петко, Комшо, Марија, Комшито, дедо Менде и тетка Душка, но и нови ликови и нови станари кои се дел од новата сезона на 5+ Фамилија.

Почеток е во 20.00 часот, влезот е 100 денари.