На подрачјето на општина Охрид во текот на изминатата седмица регистрирани биле една тешка и три полесни кражби. Во наведениот период полицијата регистрирала и четири кривични дела „оштетување туѓи предмети“, едно кривично дело „самовластие“, а јавниот ред и мир бил нарушен во 9 случаи. Во текот на изминатата недела на подрачјето на Охрид евидентирани биле и 6 помали сообраќајни несреќи во кои била направена помала матерјална штета.
На подрачјето на општина Струга, регистрирани се едно кривично дело „,Тешка кражба во обид“, едно кривично дело „ Кражба во обид“, и две кривични дела „Оштетување туѓи предмети“. Јавниот ред и мир во Струга бил нарушен во 3 случаи, а евидентирани биле и две помали сообраќајни незгоди.
извор: СВР Охрид












