Викендов во Скопје во организација на Теквондо клубот Илинден и Македонската Теквондо Федерација во соработка со АМС и МОК се одржа вториот по ред Теквондо турнир „ИЛИНДЕН ОПЕН 2017“. На турнирот учествуваа околу 180 натпреварувачи од 8 клубови од нашата земја. Хваранг Фист беше претставник од нашиот град со девет теквондисти кои се натпреваруваа во дисциплината борби, во своите тежински категории.
Припремите кои редовно ги имаме во нашиот клуб,во овој дел од натпреварувачката година ,и овој пад вродија со плод.Хваранг Фист се врати со една златна, шест сребрени и два бронзени медали. Успехот е уште поголем ако се напомене дека шест од нашите натпреварувачи го направија своето прво излегување на татамите и притоа постигнаа одличен успех.
Финалната борба во категорија сениори до 63 кг, каде нашиот претставник Филип Јосифоски се сретна со претставникот на ТК Борец од Скопје беше една од најатрактивните борби на турнирот, која нашиот претставник ја доби со 10 поени разлика. Одличен викенд, одлично дружење каде покажавме дека нашите натпреварувачи се во самиот врв на теквондото во Македонија.
Благодарност до раководството на Македонската Теквондо Федерација која после 20 години успеа да го придвижи Теквондото како олимписки спорт во правилна насока.
OhridNews