Според аналитичките податоци на СВР Охрид, во периодот јануари-септември 2008 година, во Охрид се случиле вкупно 337 сообраќајни незгоди. Од нив, со потешки последици се евидентирани 135 сообраќајни незгоди во кои загинале 9 лица, а 205 се здобиле со телесни повреди.

Во првите девет месеци од годинава, споредено со истиот период лани, службата бележи намален број на случени сообраќајни незгоди. Во деветте месеци од 2007 година, во Охрид биле регистрирани 368 незгоди од кои 140  со потешки последици и 17 лица кои го загубиле животот.

Во истиот период, се евидентирани  2813 прекршоци по разни основи од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Против 2483 пријавени лица, до Основниот суд во Охрид се  поднесени се 1475 барања за поведување прекршочни постапки. Истовремено до Комисијата за одлучување по прекршоци при СВР Охрид, се поднесени 971 барање за поведување прекршочни постапки.

Инаку, последната сообраќајна незгода со трагичен биланс се случи завчера,  на магистралниот пат Охрид – Ресен, во близина на депонијата “Буково” во која животот го загубија Влатко Пантоски и Наумче Аврамоски од Охрид, а Јане Стефаноски се здоби со лесни телесни повреди.

А.Ристоска