Деветмина обвинети денеска ќе се појават во Кривичниот суд на првото рочиште за нападот од 27 април во Собранието, пренесува „Макфакс“.

Во судот ќе се појават Димче Х. со прекар Жабата, Ангеле З. познат како Бате Геле и уште седуммина обвинети за кривичното дело „учество во толпа“. Двајца од нив ќе бидат донесени од притвор, а двајца од куќен притвор.

Триесетина учесници во насилните протести добија кривични пријави, меѓу нив двајца заработија кривични пријави за „обид за убиство“ на пратеникот Зијадин Села.

Предметот  го води судијката Милка Ангеловска Васевска, која меѓу другите, го водеше судењето за експремиерот Владо Бучковски за „бугарските определби на семејството на Силвана Бонева“.

Пред судот најавени се протести на членови на таканаречените патриотски здруженија за поддршка на обвинетите.

OhridNews
извор: „Макфакс“