Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ се одржа Општинскиот натпревар „Млади библиотекари”. Своите знаења денес ги тестираа 19 ученици, од основните училишта: „Св Климент Охридски“, „Григор Прличев“, „Христо Узунов“ , „Живко Чинго“, „Кочо Рацин“, „Св. Наум Охридски“ и „Ванчо Николески“.

Ментори на учениците натпреварувачи беа: Валентина Рубаноска,Мери Крстеска, Санта Миткова, Фила Веровска – Стојковска Наташа Митреска и Ана Пупиноска – Стојкоска.

Резултатите од натпреварот како што ни соопштија од Комисијата во состав: Весна Симоновска, Елизабета Бојчевска и Никола Ристовски, вработени во Библиотеката, ќе бидат познати во текот на следната недела. Најдобриот ученик ќе го претставува Охрид на Републичкиот натпревар во Скопје закажан за 15 ноември.

Организатор на натпреварот е Библиотекарското здружение на Македонија.

OhridNews