Деветнаесетгодишно момче вчера во Скопје било прободено со нож во градите.Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, во неделата вечерта околу 19.30 часот во полиција било пријавено дека во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ биле донесени две повредени лица.
Едното лице било со полесни повреди, имало расекотина на увото и по санацијата на повредите било пуштено на домашно лекување.Другото лице, на возраст од 19 години, било прободено со нож во градите и околу 20.15 часот им подлегнало на повредите.
Засега од полицијата немаат детали што точно се случило. Има едно приведено лице со кое се врши разговор, но сè уште нема потврда дека приведениот е осомничен за убиството. Детали најавуваат за подоцна.
OhridNews