Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата во домашното првенство, откако го совладаа Пелистер со 3-1 во финалната серија по вечерашниот триумф во Битола од 102-93.

На патот до титулата во финалето од плејофот, МЗТ Скопје Аеродром забележа два убедливи триумфи на домашен терен од 91-76 и 86-62, додека Пелистер во првиот натпревар во салата „Боро Чурлевски“ славеше со 82-79 по продолжение.
OhridNews
Фото: МЗТ Скопје











